Груевски објаснува зошто се појавува на настани: Дел од медиумите би биле среќни да ме снема!

by fokus

Дел од медиумите особено оној медиум кој го нарекуваат телевизија на Заеви во последните денови не зборуваат за проектите што ги правиме, за нешто што ќе им користи на граѓаните, туку го отвораат прашањето зошто и во кое својство се појавувам на настани. Сакам во оваа прилика да објаснам дека се појавувам во својство на претседател на партија која дава ветувања пред граѓните, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новинарско прашање по денешната посета на реконструираната зграда на Офицерскиот дом.

За СДСМ и нивните медиуми, додава Груевски најдобро би било, како што рече, да го снема и да не се појавува, но не бил во можност да им ја заврши таа работа.

-Јас сум тој кој ги дава ветувања, кој застанува зад таа програма и го става потписот на таа програма. Јас сум тој кој оди по митинзи и на средби со граѓаните им ветува проект по проект, со рокови кога нешто ќе биде завршено и природно за секој одговорен човек јас да бидам тој кој ќе се грижи секој проект да се заврши навреме и така како што сме го ветиле пред граѓаните. Јас имам одговорност и оние кои сакаат да ги деградираат нашите активности и да ја свртат темата за тоа зошто се појавувам, нема да им ја направам таа услуга и ќе продолжам сите оние проекти кои сме ги ветиле на граѓаните да ги следиме за да се завршат навреме и со квалитетот кој бил предвиден. Не случајно ВМРО-ДПМНЕ 11 години на десет избори постојано ја добива довербата, затоа што внимава што ветува и уште повеќе внимава тоа што го ветува да се реализира навреме, ако може некогаш и побрзо, одговори Груевски.

 

 

Поврзани новости