Груевски нема веднаш да замине во затвор, спасот ќе го бара во Врховниот суд

by Fokus

Аплациониот суд денеска ја потврди двегодишната затворска казна за екс премиерот Никола Груевски, но сега иако пресудата е правосилна, тоа не значи дека Груевски веднаш ќе оди зад решетки.

Тој најпрвин треба на писмено да ја прими изработената одлука, за која Апелациониот суд има рок од 60 дена да ја изработи. Потоа судијата за извршување на санкциите треба да му достави упатен акт, во кој ќе биде наведен денот кога мора да се пријави во затвор.

-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, се предвидува во Законот за извршување на санкциите.

Груевски сламката за спас може да ја бара во Врховниот суд, со поднесување на воренредн правен лек, но и да бара одложување на извршувањето  на казната, како што направи Владо Бучковски, кој и покрај правосилната пресуда никогаш не отиде во затвор. Во меѓувреме Врховниот суд ја укина пресудата за Бучковски и процесот почна од почеток.

Сепак за да и Груевски го спаси Врховниот суд треба да реагира експресно, односно доколку уште утре ја добие жалбата, најдоцна за две недели да донесе одлука. Пореална е варијантата Груевски да влезе во затвор, а потоа да реагира Врховниот суд.

Екс премиерот казната би ја издржувал во истражниот затвор Скопје, или популарно наречен Шутка, бидејќи таму се одлежуваат казни до три години.

Груевски во моментот е во судница каде што му се суди за случајот Титаник.

В.В.

Поврзани новости