Груевски ќе оди во затвор, Апелација ја потврди двегодишната затворска казна

by Fokus

Апелациониот суд денеска ја потврди двегодишната затворска казна за екс премиерот Никола Груевски за случајот на СЈО, „Тенк“.

„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост – се наведува во соопштението од судот.

Во моментот Груевски е на суд за случајот „Титаник“, за изборните манипулации.

Исто така, Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на  казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

Поврзани новости