Лидерот на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски изјави дека не отстапува од ставот и дека не се согласува да продолжи работата на СЈО.
„Ние не се согласуваме СЈО да биде продолжено. Во преговорите со ДУИ, тоа и ги кажавме. Лично сум убеден дека и мислењето на ДУИ е изнудено од други фактори. Но тие рекоа дека е добро да продолжи работата на СЈО. Ние им кажавме зошто не е добро е тоа“, изјави вечерва Никола Груевски во интервју за Тв Нова.
Тој нагласи дека имало и други фактори кои го натерале ДУИ да бара продолжување на мандатот на СЈО но, тој не прецизираше кои се тие други фактори
„ Сметам дека СЈО е обичен инструмен на некои други центри на моќ и на СДСМ. СЈО во изминатите месеци е крајно селективна во пристапот. На таргет е само ВМРО ДПМНЕ, за ДУИ нема истраги за СДСМ нема истраги. Се е концентрирано на една политичка партија. Тоа е толку очигледно дека СЈО се испостава на странски центри и на СДСМ. Погледнете ги нивните прес конференции. Станува збор за тим кој е посветен на своја политичка агенда, на уривање на ВМРО ДПМНЕ без докази. Тие имаат чувство дека некој ги штити и знаат дека имаат мисија која треба да ја остварат,“, рече Груевски.
Тој рече дека по договорот од Пржино ВМРО-ДПМНЕ го почитувала договорот, сите рокови, смените на министрите, на премиер, се смениле закони за избори, тело за медиумите итн, но станало јасно, како што реле Груевски, дека СЈО е инструмент за уривање на ВМРО-ДПМНЕ, а и за други цели. Груевски не прецизираше кои се тие други цели.