Екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески и останатте обвинети во случајот за насилствата пред општина Центар денеска не се појавија во Основниот суд Скопје 1, поради што судијката Татјана Михајлова го одложи рочиштето за трети мај. Михајлова не појасни зошто обвинетите не се појавија, туку веднаш закажа нов термин за судење.
На ова реагираше дел од јавноста, по што судијката дополни дека и таа нема информации, бидејќи обвинтети не доставиле никакво известување. Адвокатот Додевски кој беше присутен во судницата, појасни дека обвинетите не се појавиле, бидејќи како што рече, имало непостоење на процесни претпоставки, односно одбраната чекала СЈО да ја спроведе одлуката на Советот на јавни обвинители, кој побара специјалната обвинителка Јанева да ја изземе Фетаи од случајот и да постави нов обвинител.
На судењето збор побара Фетаи, која побара од судијката да и каже зошто се уште до нив не е доставена видео снимката од рочиштето од 16 декември за да можат да покренат кривична пријава против неа.
Фатиме истака дека Михајлова експресно ја проследила снимката од рочиштето кое се одржа на 22 февруари до Советот на јавни обвинители за да може да поведе одговороност за специјалните обвинителки, а ним се уште не им ја доставила снимката.
-Бараме да имате доблест и нам да ни ја доставите побараната снимка, за да може да побараме одговорност од вас, и тоа кривична, рече Фетаи.
Валентина Вурмо