Груевски: Не се чувствувам виновен

by fokus

По едночасовниот распит во кривичниот суд, поранешниот премиер Никола Груевски, во изјава за медиумите рече дека не се чувствува виновен.

“Денеска бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во судот. Не знам дали некој верува во такво нешто, но тоа ниту е вистина, туку е само желба на нарачателите на Јанева. Човекот кој рече дека не го признава судот е свесен за својот рејтинг и за немањето поддршка од народот, па затоа преку контролата што ја има во СЈО се обидува мене и моите соработници да не прикаже како да сме слични на него”, рече Груевски.

Груевски посочи дека сите овие случувања биле нарачка на неговиот опозициски противник, за кој како што рече, е свесен за неговиот рејтинг.

Во моментов, во судот тече распитот и на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

 

Поврзани новости