Една од точките на несогласување бил и меѓународниот мониторинг врз работата на Специјалната обвинителка на псоледната рунда преговори, тема која на претходните средби лидерите и странските фактори била ставена на маса, со оглед на фактот што претходното искуство со нивно набљудување не било успешно.
Имено, секој обид на странските дипломати да присуствуваат на седници на кои се разговарало за улогата и функционирањето на Специјалната обвинителка завршувале со затворање на вратата, откако биле ставани на маса главните теми, пренесе порталот Нова повикувајќи се на извори во преговорите.
Како што се објавува главната дилема на лидериите и дипломатите била дали да се регулира тој мониторинг преку закон кој би се однесувал на секојдневното функционирање на обвинителката. И покрај инсистирањето на СДСМ, превагнал ставот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се согласиле и странските фактори, дека и со џентлеменски договор би го усогласиле овој договор кој сепак би се официјализирал преку писмо испратено од страна на МНР, во кое би ги повикале ОБСЕ и другите странски фактори слободно да се вклучат во процесот на мониторирање.
На синоќешната средба во Клубот на Пратениците помеѓу лидерите и диплиматите, евро-амбасадорот Аиво Орав го отворил прашањето за меѓународниот мониторинг, додавајќи дека писмото од МНР со потпис на министерот Никола Поповски се уште се очекува од нивна страна. Премиерот Груевски го отфрлил ова барање на Орав, објаснувајќи дека не може да се потпишуваат писма длабоко во ноќта и дека постои одредена процедура која во одредени рамки треба да се следи.
Според најавите преговорите продолжуваат и денеска во обид да се надминат прашањата и со министрите и замениците, и со новните овластувања, како и да се дефинираат законите за прислушувањето и „свиркачите“, но и да се договори Анкетната комисија за прислушувањето.