Груевски не ги признава резултатите: Ова се фалсификувани избори!

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предмалку изјави дека нема да ги признае резултатите од локалните избори.

Според него, во текот на денешниот ден биле забележани огромни изборни нерегуларности, индиции за поткуп, уцени, агитирање и молк од полицијата, која, истакна тој, е активен соучесник во овие фалсификувани избори.

-Во Кисела Вода, таткото на кандидатот порача дека сега биле власт и можеле да бркаат од работа. Регистриран е и спречен обид за бугарски воз каде постар човек бил спречен да изнесе гласачко ливче. Во Бутел, личниот телохранител на Заев правел тензија за гласачкото место. Ова што се случуваше денес не не изненади. СДС покажа дека не сака да им дозволи на граѓаните слободно да гласаат – рече Груевски.

Поврзани новости