Темелковски: Ја освоивме Кисела Вода

by fokus

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Кисела Вода, Филип Темелковски, веќе прогласи победа во оваа општина. Според него од преброени 70 отсто од избирачките места, Темелковски води со 2.500 гласа пред неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Tарчуловски.

-Според првичните резултати имаме голема и убедлива победа. Водиме на сите избирачки места. Може слободно да кажеме дека ја освоивме Кисела Вода – изјави Темелковски.

Тој најави дека доколку се остварат неговите најави прво што ќе направи кога ќе влезе во Општината е отворање на нејзините врати за сите граѓани и подготовка на општинскиот буџет за 2018та година.

Поврзани новости