Груевски на зимување во Сибир на покана од Путин

by lali

Откако премиерот Никола Груевски летуваше во Турција по покана од Ердоган, зимава реши да ја прифати понудата од рускиот претседател Владимир Путин и во февруари да помине две недели во Русија – по една на Сибир и една седмица во возот до Владивосток, информираат од кабинетот на премиерот.

Grujo Putin

Како што дознаваме, а и каков што го познаваме, Груевски и на овој одмор нема да се релаксира туку ќе ја искористи шансата одблизу да се запознае со тајните на успехот на својот идол, Владимир Владимирович.

Во владиното соопштение не е наведено, ама се претпоставува дека премиерот ќе го придружува Путин на неговите редовни активности на Сибир, како што се риболовот, јавањето и пливањето „пеперутка“ во водите ладни до минус 20 Целзиусови степени.

Неофицијално, Груевски ќе донесе и сувенири за своите најблиски соработници. Премиерот веќе пикирал шубара за кумот Ставрески, купил матриошки за Јанкулоска и гемче со тетрис за Никола Тодоров, бидејќи министерот за здравство е многу по видео-игрите. Имено, така научи и да оперира!

disclaimer1

Поврзани новости