Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски и Никола Тодоров се сретна со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, која доаѓа на негово барање, соопштија од партијата.
На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека со оглед на актуелниот распоред на сили дури и да се формира Влада ќе биде многу тешко таа да биде функционална во смисла на реформи и многу тешко ќе биде да биде долготрајна. Од тој апсект, наведуваат ВМРО-ДПМНЕ има и искуство и затоа сметаат дека е добро уште еднаш да се даде шанса во период од два, два и пол месеци од сега, и можеби заедно со локалните да има нови парламентарни избори.
Францускиот амбасадор посочил дека и тоа е можност, но тоа е прашање за кое треба да одлучат сите политички партии.