Груевски: На сите им е јасно дека некој во некои разговори продал некои работи

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска уште еднаш се закани со „народ“ и рече дека ВМРО-ДПМНЕ и народот немале да дозволат реализација на тиранска платформа и повтори дека најдобро решение се брзи избори.

-Дури и на оние што гласаа за СДСМ им е јасно дека во некои разговори некој продал некои работи и оти тие што го поддржале и гласале за него сега е моментот да застанат да се спротивстават на тоа и тоа го прават. Низ улиците не се само гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, туку се многу гласачи и на СДСМ и на други партии и луѓе кои не гласале, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Струмица.

Груевски овие времиња ги нарече историски за Македонија и го повика народот да биде буден и подготвен, но не кажа за што.

Поврзани новости