487
Поранешниот премиерот Никола Груевски денеска се појави на распит во Кривичниот суд во Скопје, како осомничен во случајот „ТНТ“, поточно за уривањето на комплексот „Космос“.
Груевски во судот пристигна во друштво на адвокатот Никола Додовски и портпаролот на Владата, Александар Георгиев.
Во меѓувреме СЈО побара Судот да им одреди мерки за претпазливост на Груевски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, сите осомничени во случајот ТНТ.
Фото: Нова ТВ