819
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од лидерот Никола Груевски, денеска отпатува во Луксембург, по повод 40-годишнината од основањето на Европската народна партија (ЕПП).
На одбележувањето ќе присуствуваат и германската кацеларка Ангела Меркел, со лидерската двојка на Европската унија, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и 50-тина европратеници.
Според програмата, најпрво ќе се одржи состанок на претседателството на ЕПП и Политичко собрание, каде ќе присуствуваат Груевски и пратеникот Владимир Ѓорчев. Потоа е организирана и свечена прослава проследена со дебата на темата „Иднината на Европа”.