416
Катица Јанева треба да се дистанцира од партиското влијание, беше одговорот на Никола Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на загриженоста на САД и амбасадорката во ОБСЕ Кејт Барнс, која побара ВМРО-ДПМНЕ и нејзините лидери да не ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка, а партиите да и дадат поддршка во работењето.
„Специјалното обвинителство, се формираше со поддршка на четирите партии и на Владата. Тие даваа и се уште даваат поддршка. Но, и Обвинителката треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии туку да работи според законите“, изјави Груевски.