Груевски: На нас нешто мора да ни фали

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по пауза од две недели, откако почна кампувањето пред Владата, во Кампот на слободата ја објави новата „бомба“ во која премиерот Никола Груевски разговара со своите најблиски министри и ги советува како треба да постапуваат со бизнисмените од кои имаат корист и како да знаат да направат добра зделка. Заев обвинува дека Груевски за да остане на власт бил спремен да ги прекрши и Уставот и законите.

– -Докажавме со каква расипничка власт си имаме работа, но нема да се застане додека не се оспособат институциите да ги испитаат коруптивните и криминални афери. Три оставки не се доволни, не барај нови жртви, се бара твоја оставка Груевски – истакна Заев.

Во првиот сет аудио-снимки што ги објави лидерот на СДСМ, премиерот го советува својот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески како да се однесува со бизнисмените и во снимката се споменува извесен Владо, за кој Груевски вели дека знаел како да си ја врши работата и да направи добар дил. Јанакиески се правда дека не може да им прифати нешто, со кое го крши Законот.

– Сакам да ти отворам очи, што е разликата меѓу тебе и Владо, Владо е ориентиран кон договор, не вика од прва вака не може, не е по закон, туку вика да најдеме решение. А ти викаш од прва дека ова не е по закон, и со вакви крупни не може земи или остави. Треба да правиш велеслалом, одиш лево десно, ти си министер, не си советник – вели Груевски во телефонскиот разговор.

Тој  додава дека повеќето од проектите им се неуспешни и дека на нив нешто мора им фали.

 

Поврзани новости