Заев: Груевски спасува неготински бизнисмен од казни поради тоа што му помагал на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 14:12
14:12

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска пред владата најави сет разговори меѓу екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, новоизбраниот шеф на јавната безбедност Горанчо Савевски и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски, кои, според Заев, покажуваат дека под налог на премиерот Никола Груевски нарачал бизнисмен од Неготино да се ослободи од низа санкции од повеќе институции, и покрај тоа што во неговите цистерни биле пронајдени пет и пол тони црвена нафта, затоа што бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден од разговори се слуша како Јанкулоска вели дека пораката од шефот (Груевски) е целиот случај да се реши позитивно, иако самата признава дека човекот не е лист, ама, како што вели самата – помагал.

- Advertisements -

Трајковски, пак, позитивно одговара на нејзините молби и прифаќа да ги успори инспекторите, кои ги лоцирале нерегуларностите кај неготинскиот бизнисмен.

 

Поврзани новости