Никола Груевски на 11 декември ќе ја бара довербата во четвртата изборна единица, каде Зоран Заев е носител на листата на опозициската СДСМ, објави пред малку лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на Фејсбук.
„Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се’ што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија“, напиша Груевски на Фејсбук.
Носители на листи – во првата изборна единица Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, во третата Илија Димовски, во петтата Антонио Милошоски и во шестата Владимир Ѓорчев.