Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска на својата официјална стрница на фејсбук напиша коментар за последните статистички податоци за невработеноста, но се уште не даде коментар за состојбата на блендираниот мерцедес од 600.000 евра.
-Пад на невработеноста во првите три месеци од оваа година на досега најниски 22,9%. Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продолживме да работиме на нашето ветување до граѓаните за намалување на невработеноста. Резултатите се потврдени, напиша Груевски.
Тој истакна дека падот на невработеноста се должела на поттикнување и поддршката на домашното стопанство, но и на силниот фокус на привлекување странски инвестиции.
-Она што недостасува кај новата влада е концентриран и професионален тим за странски инвестиции. Слабите перформанси може да резултираат со бркање на дел од инвеститорите што ке значи отпуштање или обесхрабрување на инвеститорите со кои бевме во финална фаза на инвестирање. Останува времето да покаже и државата би била најсреќна доколку трендот на пад на невработеноста продолжи. На новата влада предоводена од СДС им оставивме ликвиден буџет. Подобро е уште веднаш да се фатат за конкретна работа, ги посоветува Груевски.
Тој се уште не го сподели својот став за состојбата на мерцедесот, кој денеска пред јавноста го покажа министерот Оливер Спасовски. Од неговата партија, пак, на новата влада и порачаа дека слободно можат да го продадат.