Екс премиерот Никола Груевски на 8 ноември треба самиот да се пријави на издржување на двегодишната затворска казна во истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари, потврдија за „Фокус“ од Кривичниот суд.
Денеска во Основниот суд Скопје 1 му бил предаден упатниот акт, во кој пишува дека за 13 дена треба да се пријави во затвор. Доколку самиот пак не отиде, тогаш ќе биде спроведен со полициска асистенција.
-Заради интерес на повеќе медиуми, ја потврдуваме информацијата дека денеска, пред судењето за предметот од обвинителствот означен како „Траекторија“, на еден од осудените лица со правосилно потврдената пресуда од страна на Апеалциониот суд – Скопје, за предметот од обвинителството означен како „Тенк“, по претходно неуспешен обид да му биде доставен на домашна адреса, во судот му беше врачен упатениот акт, изготвен од судија за извршување санкции, во кој е наведен максималниот рок од 13 дена кога треба да се јави на издржување на правосилно потврдената санкција, информираат од судот.
Поранешниот премиер Груевски е осуден во случајот „Тенк“ на СЈО, за незаконито влијание при набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра.