Меркел го осуди убиството на новинарот Кашоги

by fokus

Германската канцеларка, Ангела Меркел најостро го осуди убиството на новинарот Џамал Кашоги. Од кабинетот на Меркел соопштија дека мора да се расчисти точниот тек на настаните при свирепото убиство на новинарот.

„Канцеларката ја повика Саудиска Арабија да обезбеди брза, транспарентна и веродостојна истрага. Таа нагласи дека сите одговорни мора да се донесат пред правдата“, се вели во соопштението од кабинетот на Меркел.

Поврзани новости