Груевски: Лидерска средба ако претходно ја знам темата и планот

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевки  порача дека ќе се врати на преговарачката маса, ако претходно се подготви терен за преговори. Експремиерот вели дека претходно мора партиите да имаат план и програма за текот на преговорите, затоа што, како што рече, ако пропадне средбата сите него ќе го обвинувале.

– Досега никој не нè контактирал за одржување на лидерска средба. Ние, секако, би прифатиле, но добро е да има претходни договори и подготовки околу темата на средбата затоа што за граѓаните не е добро да се одржуваат лидерски средби, без претходно добро подготвен план и тема, не е добро ни за нас, затоа што секогаш нè обвинуваат ако пропадне средбата – рече Груевски.

Тој додаде дека во моментов нема ниту иницијатива, ниту тема за одржување лидерска средба.

Поврзани новости