Акутната политичка криза во која што е Македонија подолг период ги нарушува спокојството, мирот и секојдневието на граѓаните и се одразува на економијата, иако засега, економијата се држи солидно, рече поранешниот премиер Никола Груевски при денешната промоција на новиот проект на ВМРО-ДПМНЕ насловен како „Од град во село за нов почеток“.
-Овој народ и оваа држава има капацитет да ги надмине овие проблеми и ќе ги надмине како што и во минатото многупати ги надминала. Сме се снашле со многу предизвици, со многу опасности и на крај сме ги надминувале предизвиците со мудрост и со правилен избор на одлуки секогаш водејќи сметка за националните и државни интереси и интересите на народот, рече Груевски.
Тој порача дека нема поголема сила од народот, а секој кој тргнал против народ е осуден на пропаст.