Груевски ќе ја трансформира ВМРО-ДПМНЕ од конзервативна партија во граѓанска десница

by fokus

Со стариот лидер ВМРО-ДПМНЕ најави почеток на нова ера. Никола Груевски во обраќањето на вечерашната партиска конвенција најави и промена на карактерот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзино доближување до центарот.

-Време е за нов пристап, новата ера почнува. ВМРО-ДПМНЕ беше конзервативна партија и таа карактеристика ќе ја задржиме, но денеска ќе се претставиме како граѓанска десница. Во граѓанската десница секој е добредојден и таа им се обраќа на сите, рече Груевски.

Груевски зборуваше дека во новата ера ВМРО-ДПМНЕ ќе се води од транспаретноста, а државата секој треба да ја чувстува како свој дом.

 

Поврзани новости