Екс премиерот Никола Груевски се уште не може да му го “прости” сведочењето на бознисменот Орце Камчев, за “Плацеви на Водно”, па повторно преку фејсбук статус се обиде да се оправда.
-Полека излегува на површина не вистината и не логичноста во последната изјава на Јордан (Орце) Камчев дадена пред неколку дена судот, кога за 180 степени ја смени својата позиција во еден ден во предметот “Плацеви Водно”, одкако во претходните денови имал три лични и без придружба на адвокати средби со обвинителката Лиле Стефанова.
Од информациите кои дојдоа до мене Јордан Камчев ја промени позицијата во овој предмет кој беше (и правно гледано сеуште е) загубен предмет за обвинителството, со цел и со договор да му биде попуштено, односно помогнато во друг предмет каде неговите позиции се многу лоши во однос на доказите кои ги има обвинителството.
Популарно меѓу народот се вели дека се има “испазарено”. Тоа подразбиран дека најверојатно се договорил во овој предмет да каже невистина која му е потребна на обвинителството и власта во кој јас сум главниот таргет, за во друг предмет обвинителите “да не видат” некои негови законски престапи, напиша Груевски.
Тој додава дека Камчев издржал неколку месеци, но сега поклекнал и кажал лага дека му се чуваат три стана во “Панорама”, во замена за плацовите на Водно, за кои исто така негира дека е сопствник.
-Камче освен изјавата во обвинителството речиси 20-30 рочишта во судот ја бранеше вистината, издржа 7-8 месеци притвор, време во кое доаѓаа поранешни евро комесари да бараат да се запре политичкиот прогон кон него, илјадници негови вработени, угледни лекари и пријатели му изразува јавна подршка секојдневно преку социјалните мрежи, шест адвокати го положија својот авторитет и во судот и во јавноста, за одеднаш после три средби “пазарење” со обвинителката целосно да ги промени своите позиции и да ги понижи и сите оние кои веруваа во неговата невиност и истрајноста во борбата за докажување на правдата, напиша Груевски.