Груевски, Јанакиески и Јанкулоска први на судење во новата зграда на Кривичен

by fokus

Обвинетите во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство први ќе седнат во судница во новата зграда на Кривичниот суд, која официјално беше пуштена во употреба во саботата на Денот на правосдуството.

Инаку „Титаник“ се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности, а во него се обвинети експремиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Специјалното јавно обвинителство нив ги сомничи за злостроничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Поврзани новости