Во долг временски ги слушав и ги читав клеветите и невистините на Заев и во контактите со познати и непознати луѓе од земјава и од странство слушав прашања и дилеми за овој случај, рече на денешното рочиште премиерот Никола Груевски.
Груевски го тужи Заев за клевета поради снимката што ја објави пролетоска и за тврдењето на лидерот на СДСМ дека Груевски договарал поткуп при продажбата на Македонска банка, со што ја оштетил државата за четврт милион евра.
– Тоа ми предизвика тешка душевна болка, непријатни чувства и вознемиреност од бескрупулозниот напад. Сето тоа се измислици, никогаш во животот не сум имал судир со законот и секогаш честа и угледот ми биле на прво место. Тоа беше смислена и лансирана кампања во моментот кога мојот углед беше ставен на проверка пред изборите. Беше злонамерно – изјави тој.
Премиерот не може да замисли потежок облик на клевета од овој и смета дека некои од граѓаните дури и поверувале на лагите.
Груевски сведочеше повеќе од еден час, стоеше, иако тешко ја движи левата нога.
Него во судницата го придружува шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протуѓер.