Груевски имал и две тајни парцели во Крушево, во близина на манастирот на Тоше

by fokus

Освен плацевите на Водно, кои екс премиерот Никола Груевски наводно ги купил со партиски пари, тој располага и со таен имот во Крушево. Па така, истрагата за „Плацевите на Водно“ покажала дека тој има и две парцели во викенд населбата Вршник.

Како што дознаваме, Груевски двете парцели во Крушево ги купил за багателна цена, од речиси 13.000 евра, односно земјиштата се продавале со јавно надавање, со почетна цена од по 1 евро за квадрат. Сега, пак, неколку години подоцна, ова градежно земјиште вреди неколкукратно повеќе.

Оваа викенд населба се наоѓа веднаш под крстот во Крушево, во близина на манастирот Св. Преображение, или познат како манастирот на Тоше.

Продажбата на вкупно 21 парцела се вршела во периодот од 2012 до 2015 година, а шпекулациите се дека соседи на Груевски му се уште неколкумина функционери од тогашната власт.

Дека требало да се населат важни станари може да се заклучи и брзината со која се реализирала изградбата на инфраструктурата, за која финансиски помагала и тогашната Влада.

Зад чие име Груевски го криел имотот прочитајте во новиот број на неделникот „Фокус“ кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости