Груевски и Заев ќе го продолжат дијалогот за унапредување на евроатланската агенда

by Фокус

Во тешка недела за државата, се собравме да дадеме поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го правото на мирен протест и на осудата на насилството, без разлика дали тоа се прави со криминални или политички цели, но, исто така, се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатланската агенда.

Оваа е заедничката изјава усогласена од страна на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, што ја лиферуваа до новинарите нивните соработници за време на денешната лидерска средба, на која присуствуваа американскиот амбсадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.

Како што веќе објавивме, иницијатор за интензивирање на дијалогот меѓу Груевски и Заев на средбата бил Ахмети, додека Бејли и Орав биле воздржани и не предложиле никаков план со конкретни мерки за надминување на кризата.

gruevski

zaev

 

Ahmeti i Taci 2

Поврзани новости