380
Телевизијата Алсат М пренесува дека денеска, далеку од очите на јавноста, се остварила средба помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Оваа средба, според Алсат М, била под покровителство на американскиот амбасадор Џес Бејли, а се разговарало за содржината и времетраењето на привремената влада и за реорганизирање на сите институции кои се во надлежност на извршната власт.
Според телевизијата, барањето на СДСМ било преземање на Министерството за внатрешни работи, а во пакетот на преговори, меѓу другото биле и УЈП и МРТВ. Неофицијално, преодната влада треба да почне да функционира во ноември, а мандатот на премиерот Никола Груевски да престане во јануари 2016 година.