Груевски и Заев денеска преговараат во Стразбур

by Фокус

Премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се на преговори во Стразбур, на кои директни посредници се европратеници Вајгл, Кукан и Ховит. За првпат во преговорите се вклучува и лично еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Нема официјални информации за агендата на денешната средба, но неофицијално таа започнала во 16 часот и се очекува да трае до доцна во ноќта.

Вчера, министрите за надворешни на земјите членки на ЕУ одржале краток состанок за политичката криза во Македонија. На таа средба тие го охрабриле еврокомесарот Хан да се вклучи во изнаоѓањето на решение. Биле одлучено и подетелно да се фокусираат на прашањето за Македонија во јуни.

Поврзани новости