Груевски и соработниците ќе одморат еден месец од судења, ама нема да можат да се сончаат на море

by fokus

Екс премиерот Никола Груевски и неговите поранешни соработници, обвинети во предметите на СЈО, ќе имаат можност еден месец да одморат од судските рочишта, бидејќи од 15 јуни до 15 август трае судската ферија, кога судиите имаат одмор. Во овој период се оддржуваат судења само за притворските предмети, односно случаите во кои обвинетите се во притвор.

Според распоредот на СЈО, единствено на 16 и 17 јули ќе има судење и тоа за случајот „Труст“, во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан.

Сепак поранешните функционери нема да можат да заминат на летување на море, бидејќи пасошите им се одземени како мерка на претпазливост. Затоа ќе мора да се задоволот со некоја од плажите во државата.

Поврзани новости