Деновиве премиерот Никола Груевски се фалеше со изградбата на трите автопатишта, која сѐ уште не е почната. Ќе била силен импулс за економијата, инвестициска активност која создава работни места, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други стопански гранки.
Меѓутоа, Груевски од секогаш не сметал дека автопатишта се толку битни за економијата – пред две години за него поважни беа локалните и регионалните патишта, оти како што аргументираше нив граѓаните почесто ги користеле.
Ова видео е дел од интервјуто на Груевски со Роберт Поповски на „Канал 5“, во кое меѓу другото премиерот никако да одговори колку километри автопат направила неговата влада до 2012 година, во својата патна километража изненадувачки решава да ги вкалкулира и патиштата направени во времето на Љубчо Георгиевски (оти тоа во случајот му одговара), а ич око не му трепнува да се кити и со скопската обиколница која само се финишираше во неговиот прв мандат.