529
Експертите на пои се повика Ѓорге Иванов за да не го даде мандатот на Зоран Заев се екс министерот за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена, тврди порталот А1Он.
Како што извести А1Он, вечерта кога во тајна посета кај Иванов беше Никола Груевски, кој остана цели пет часа, бил и брачниот пар Маневски.
А1Он пишува дека таа вечер е договарана стратегијата и обраќањето на Ѓорге Иванов, со кое се обиде да најде изговор да не му го даде мандатот на Заев, иако тој го исполни условот кој го бараше Иванов, и му достави потписи не од 61, туку од 67 пратеници како поддршка.