Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве јасно се искажаа дека имаат непремостливи разлики во барањата за формирање на коалиција, сепак од партиите информираат дека неделава официјално ќе седнат на преговарачка маса.
Од ДУИ остануваат на ставот дека за нивните барања околу официјализирањето на албанскиот јазик и продолжување на мандатот на СЈО нема да прифатат компромиси, а од ВМРО-ДПМНЕ пак недвосмислено порачаа дека тоа нема да го прифата „и по цена да не формираат влада”.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека партијата определила своја агенда за преговорите, базирана на врз декларацијата на албанските политички партии, која Никола Груевски ја оцени како „несреќен документ”.
Рокот за составување на новата влада е 29 јануари. Доколку ДУИ и ДПМНЕ успеат да направат договор за нова коалиција, би имале точно 61 пратеник или тенко парламентарно мнозинство.