467
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку соопштение испратено до јавноста информираа дека претседателите на партиите Никола Груевски и Али Ахмети денеска оствариле средба.
На неа, како што се наведува во краткото соопштение, акцентот бил ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои биле оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.
Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој план.