Финансиска полиција во општина Гостивар, Бејта тврди дека е одмазда на Груевски

by fokus

Финансиската полиција денеска влегла во канцеларијата на гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, објави „ТВ21“.  Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, тврди дека оваа посета од финансиката полиција претставува реваншизам поради неговото отворено противење партијата повторно да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова прв пат се случува откако кажав дека нема Албанец што сака коалција со Груевски. Јас како потпретседател на ДУИ давам изјави кои мислам дека се важни за општеството и не прифаќам политички уцени- вели Бејта.

Од финансиската полиција за телевизијата изјавиле дека таму биле за да проверат наводни нерегуларности за инфраструктурен проект на општината во селото Тумчовиште кој чинел 80 илјади евра или истиот проект кој претставуваше пат којшто ги поврза селата Тумчовиште и Чегране, а на коешто отворање Бејта и Груевски заедно сечеа лента.

Поврзани новости