Граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ за тоа што го направи, што го исполни она што го вети, но на изборите ќе го дадат и своето мислење за работите што се случија минативе 4 и пол месеци, порача вечерва од Ресен, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Овие месеци имаме секојдневна демонстрација на едно незаконско работење, свесно незаконско работење. Незаконски назначувања, незаконски разрешувања, незаконски вработувања. Никој не ферма закон. Народот тоа не го сака, народот сака ред и поредок, правда и еднаквост за сите. Не едни да мора да работат по закон, а овие новодојдените кои ги залепија на сила да направат Влада, да работат незаконски и како што посакуваат. На овие избори, граѓаните освен што ќе се изјаснат за кандидатите за градоначалници и советници, ќе го кажат и своето мислење за помрачувањето кое се случи откако СДСМ беше донесена на власт, рече Груевски.