Амди Бајрам: Со Груевски не не пуштија да го посетиме син ми, во болницата владее диктатура!

by fokus

Амди Бајрам во вечерашното интервју на ТВ Нова рече дека во болницата 8ми Септември каде син му лежеше два дена откако беше претепан, владее диктатура.

-Сега пред еден саат го извадив од болница, со потпис на Елвис Бајрам, како родител барав да го тргнам од таа болница, затоа што таа болница под диктатура работи. Затоа што вчера јас бев со Никола Груевски на посета, не не пуштија да го посетиме, да го видиме таму. Мојот син и Никола Груевски. Значи, тотална тортура се работи, тотално договарано е со полиција, рече Бајрам.

Поврзани новости