Македонскиот премиерот денеска се сретнал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган при посетата на Никола Груевски на оваа соседна земја, информираа доцна вечерва од владата.
– Премиерот му ја честиташе победата на Ердоган и му посака успех во водењето на државата. Тој посочи дека билатералните односи се одлични, а честите средби на политичко ниво се потврда за пријателството кое се развива меѓу двете држави. Груевски го запозна претседателот Ердоган со реформите и чекорите кои се преземаат на економски план, и притоа укажа на тоа дека се залага за динамизирање на економската соработка меѓу двете земји – велат од Владата.
Премиерот го информирал Ердоган за целта на посетата која е економско-политичка.
– Тој истакна дека турските компании се добредојдени во Македонија, а оние кои се решија да инвестираат имаат позитивно искуство од условите за инвестирање. Премиерот изрази надеж за продолжување и продлабочување на пријателството и соработката во повеќе сфери од заеднички интерес – информираат владините служби.