Премиерот Никола Груевски го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да почне истрага за аферата со 30.000 фалсификувани лични карти што ја објави неделникот „Фокус“.
– Неколку пати слушнав за таа приказна, а од неодамна повторно ја реактуелизираа приказната за наводни 30.000 фалсификувани лични карти. Сега имаме министер за внатрешни работи кој е генерален секретар на СДСМ. Јавно го повикувам министерот за внатрешни работи да го проучи сето тоа, да го истражи и да излезе со резултатите од истрагата – рече Груевски по посетата на Поликлиниката „Јане Сандански. Доколку има такво нешто да се откријат одговорните, доколку нема, СДСМ да и се извини на јавноста за тоа што ги лажела во сите изминати месеци и години дека имало наводни фалсификувани лични карти. Ќе ја следиме работата на министерот. Јас во својство на премиер го повикувам веднаш да пристапи кон истрага и се што ќе открие да даде на суд и даде на јавноста – рече Груевски.