Груевски го поддржа протестот за ослободување на осудените за 27 април

by fokus
Протестот на 25 aприл за ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР, е оправдан, порача поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој смета дека нивните пресуди се неправедни.
„Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години. На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот. Очигледно беа поучени дека еден инцидент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести, учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Груевски на фејсбук.

Поврзани новости