Македонскиот премиер Никола Груевски го освои високото трето место во изборот за личност на годината заслужна за промоција на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество, кој е организиран од Мрежата за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP). Овој избор е традиционален уште од 2006 година, а во него учествуваат новинари од повеќе од 30 држави. Ова е прв пат на листата да се најде македонски политичар и тоа во првите три места.
-На второто и на третот место се наоѓаат жената и децата на претседателот од Азербејџан Илхам Алиев и македонскиот премиер Никола Груевски. Роднините на азербејџанскиот претседател поседуваат голем удел во економијата и ја ограбуваат државата на сметка на сопственото богатење. Македонскиот премиер Никола Груевски прислушуваше новинари и опозицијата, ги гонеше политичките противници и учествуваше во прикривиње убиства, стои во соопштението на OCCRP за овогодинешниот избор.
Победник оваа година е црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а уредникот на OCCRP, Дру Саливан, вели дека трката била тесна, но победникот си ја заслужил наградата.