Груевски: Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за независност на Македонија

by fokus

-Македонските граѓаните во недела ја имаат шансата со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ да ја задржат унитарна, суверена, независна и напредна Македонија. Во оваа држава одлучуваат граѓаните кои ја добиваат таа шанса на изборите и важно е во недела да излезат што порано и да ја заврши својата обврска, својот долг кон државата и кон идните поколенија – порача Никола Груевски вечерва на митингот во скопската општина Бутел.

Тој рече дека е убеден дека в недела СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз. Груевски верува дека граѓаните ќе гласале за нив, бидејќи како што вели, отвориле 160 000 работни места.

На крајот, тој уште еднаш побара 63 пратеници за да спречел дестабилизација на земјата.

-Народот нема да дозволи двојазичност, кантонизација и промена на Уставот. Но, за да ја има народот оваа сигурност, потребни се 63 пратеници, а 11 декември е шансата за референдум и само така нема да дозволиме дестабилизација на нашата држава – изјави Груевски.

Поврзани новости