Груевски ги повика граѓаните на протест, тие му одговараат: Оди си сам ако ти гори под нозе!

by Fokus

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ги повика граѓаните на протест против политиките на СДСМ, денес во 13.30 часот пред основниот суд Скопје.

Поканата ја сподели на својата официјална Фејсбук страница, но во дел од коментарите кои неговите следбеници ги оставаат под објавата, може да се види дека добар дел од нив се разочарани од него, и не ни помислуваат да протестираат.

,,Да, да, сите на протест, а вие во канцеларија, е нема, тоа заврши. Одете си сами на протест ако ви гори под нозете’’ ,,А дали Груевски ќе биде пред судот во 13.30?’’ ,,Не го мести народот бе апаш еден, што не одиш ти прв’’ ,,Зошто не излезете од Влада, туку си ги чувате столчињата и 1.000 евра палата’’ – се само дел од коментарите кои граѓаните му ги упатија. Покрај тие, што отворено го критикуваат, има и такви, кои му порачаа – Па и за тебе вака да се збирате!

ВМРО ДМПНЕ денес со соопштение до јавноста повика на протест пред судот, по акцијата во која се уапсени функционери и пратеници на партијата, со обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок на 27 април. Во минатото, практика беше да се бришат негативните коментари од страницата на лидерот, веднаш по нивната објава. Не е познато зошто денес критиките адресирани до Груевски се уште стојат на неговата страница, на очиглед на јавноста.

В.К.

Поврзани новости