На Чавков и на останатите уапсени им се заканува затворска казна од најмалку 10 години

by fokus 11:42
11:42

Казна од најмалку десет години затвор им се заканува на Митко Чавков и на останатите 35 осомничени за насилството што се случи на 27 април во Собранието, а кои утринава беа уапсени и изведени пред судија на претходна постапка.

-По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.

- Advertisements -

Според член 313, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
е предвидена најмала затворска казна од 10 години.

-Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста
на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со
предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно
дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв
кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години, стои во Кривичниот законик.

В.В.

Поврзани новости