Груевски е четвртиот бегалец што добил азил во Унгарија по „Стоп сорос“ програмата

by Фокус

Груевски е само четвриот азилант кому Унгарија му одобрила статус на бегалец под меѓународна заштита, откако владата на Виктор Орбан од први јули ја воведе таканаречената „Стоп сорос“ програма за мигранти.

Унгарската независна пратеничка Бернадет Сзол за унгарските медиуми вели дека за помалку од 5 месеци, вкупно 165 бегалци аплицирале за азил во Унгарија, при што 88 барања биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, додека 8 биле повлечени.

Притоа, само четворица апликанти, меѓу кои и поранешниот македонски премиер Груевски, успеале да ги убедат унгарските власти да им дадат засолниште.

Овие информации Сзол ги добила од Канцеларијата за азил, но од таму не и дале повеќе детали за интервјуто на Груевски со имиграциските служби бидејќи станувало збор за доверливи информации и лични податоци на азилантот.

Таа е дел од опозициската иницијатива која во унгарскиот парламент ќе се обиде да иницира анкетна комисија за Груевски затоа што сметаат дека владата на Орбан ги прекршила законите со давање азил на осуден криминалец по кој е распишана меѓународна потерница.

Поврзани новости