ВМРО бара одговор како Анѓушев ја продал ЕДС, СДСМ вели дека се е чисто

by Фокус

Од компанијата за трговија со струја ЕДС, која неодамна вицепремиерот Кочо Анѓушев му ја продаде на грчкото електростопанство, ги отфрлуваат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека за продажбата се води истрага во Грција.

„Компанијата ЕДС соопшти дека целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата“, велат од компанијата.

Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека во грчките медиуми веќе се најавува истрага на грчкото обвинителство за продажбата на фирма ЕДС и воедно побара истрага за поведат и македонските институции.

– Дополнителен сомнеж дека се работи за матна зделка од која зависи и идентитетот на државата, на секој граѓанин на Република Македонија говорат и информациите кои ги добиваме од грчките медиуми кои велат дека милионите евра се исплатени на личната сметка на Кочо Анѓушев, 4,8 милиони евра – рече Арсовски.

Со реакција се огласи и владејачкиот СДСМ, од каде го обвинија раководството на ДПМНЕ дека генерира лажни вести и измислува непостоечки случаи.

„Целата постапка, како и купопрадажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходел и извештај од неколку реномирани ревизорски куќи кои ја процениле реалната вредност на компанијата“, соопштија социјалдемократите.

Поврзани новости