435
Денеска пред судот имав можност да се произнесам дека сум невин за случајот во општина Центар. Добро е што судскиот процес против мене конечно почна и се движиме во добра насока, изјави екс премиерот Никола Груевски, како еден од обвинетите за нередите во општина Центар во 2014 година.
Груевски кажа дека судскиот процес против него конечно почна, но тоа не се случило со судењето против премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“.
Тој не сакаше да коментира дека еден од нивните советници во Центар признал вина и рече дека Лазаров можеби имал лични причини зошто тоа го сторил.