Судот ќе му суди одделно на Лазаров кој призна вина, можно е пресуда уште денеска

by fokus 14:27
14:27

Судот ги одвои постапките против обвинитетите во предметот на Специјалното јавно обвинителство за насилните протести во Центар откако советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, призна вина. Процесите против Никола Груевски, Миле Јанакиески и Даниела Рангелов се одложуваат.

Рочиштето во Кривичниот суд денеска ќе продолжи само против Лазаров затоа што единствен се произнесе за виновен. Можно е Лазаров денеска да ја слушне и пресудата затоа што му се суди по скратена постапка, односно во ваков случај, каде обвинетиот се произнесува за виновен, не се изведуваат докази во постапката. Тоа би била втора пресуда во предмет на СЈО.

- Advertisements -

Томислав Лазаров е советник на ВМРО-ДПМНЕ и во новиот мандат на општинскиот совет во Центар.

Поврзани новости